еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

ПОРТРЕТ: Мила Царовска, од активиска до вицепремиерка за економски прашања

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска е новата вицепремиерка за економски прашања, откако Кочо Анѓушев поднесе оставка.

Која е Царовска професионално?

Дипломирала на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за социјална работа и социјална политика.

Во својата професионална кариера се стекнала со повеќегодишно искуство од областа на социјалната работа, меѓу кои и како фасилитатор во драмски работилници со деца сместени во институции, фасилитирање на едукативни работилници, СОС оператор и супервизор за консултации за корисници на дрога и нивните семејства, како и соработник на институциите за лечење на корисници на дрога, социјален работник на терен, советник за пред/пост тест за ХИВ/СИДА и истражувач на терен, стои во нејзината официјална биографија.

Царовска беше специјален советник во кабинетот на поранешната министерката за труд и социјала, Фросина Ременски.

Поради своето богато работно искуство, Царовска била ангажирана во дванаесетина домашни и меѓународни организации како експерт од својата област.

Партиска кариера

Мила Царовска е потпретседател на владејачката СДСМ.

Таа е избрана за функцијата потпретседател на СДСМ на Централниот одбор на СДСМ во 2019 година.

Во 2014 беше избрана за претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Царовска приватно

Родена е на 6 мај 1984 година во Скопје и е мајка е на едно дете.

Неодамна преку видео откри повеќе детали за својот приватен живот:

Првото нешто што секое утро го прави е се тушира. Помеѓу турско кафе и еспресо, бира турско. Доколку може да бира, би сакала да оди на кафе со Клара Цеткин. Омилен филм и е „Џокер“. Ако нејзиниот живот би бил филм, би се викал „Невозможна мисија“. Од животни сака и маче и куче.

Омилено телевизиско шоу и е „Преспав“. Книга која ја купила, но се уште не ја прочитала е „Бикаминг“.

Омилен бенд и е „Ју ту“, омилен изведувач Стјепан Хаусер. Дует би сакала да сними со Бредли Купер. На работа во кабинетот, има лента за трчање.

Три збора со кои најдобро ја опишува работата како министерка се работа, работа и само работа.

Најкул во нејзината работа го смета тоа што има топ тим со кои правиме одлични промени. Најтешкиот дел од работата како министерка е убедувањето дека промените се возможни.

Најгорда е со мерката што нема повеќе деца во институции. Мерки на кои е горда на Владата се социјална заштита, социјална реформа, минимална плата и НАТО.

Смета дека она во што не успеала е да донесе нов Закон за работни односи што ги почитува работничките права и што обезбедува флексибилност.

Кога не би била политичарка, би била активисткаа, а како мала сакала да биде ветеринарка.

Од опозицијата најмногу ги цени Митко Јанчев и Даниела Рангелова. Омилена боја и е црвена.

Доколку би имала супер моќ би сакала со нејзиното вдишување и издишување да предизвикува ветар и да го исчисти воздухот во Македонија. Батериите ги полни со синот кој многу често е кај нејзе на работа или со нејзе на настани.

Последно се расплакала со децата од малите групни домови кои гостуваа во Владата. На десетгодишната Мила од оваа временска дистанца би и кажала: „Мила немој да се секираш, се што сметаш дека е невозможно ќе стане реалност.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОРТРЕТ: Наќе Чулев, од оперативен разузнавач до технички министер за внатрешни работи

ПОРТРЕТ: Оливер Спасовски, од адвокатски приправник до технички премиер

(Видео) Кој е Спасовски приватно: Лесно избувлив, но истраен

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Спектартермо“ го доби тендерот на ЕСМ за замена на затворачи на турбини во три хидроцентрали вреден 1,5 милиони евра

Никола Осило

(Галерија) Кои се пожарникарите кои Пендаровски ги одликуваше со „Медал за храброст“

Редакција

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вработува 8 лица, плата до 31.323 денари

Никола Осило