еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

ПОРТРЕТ: Наќе Чулев, од оперативен разузнавач до технички министер за внатрешни работи

Наќе Чулев, предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е новиот технички министер во преодната Влада.

Какво образование има?

Според неговата официјална биографија во 1994 година завршил воена гимназија во Белград, Србија.

Тој е дипломиран криминалист, а дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје.

Образование стекнал и на Воздухопловна техничка академија, Рајловац, Сараево, Босна и Херцеговина, но како што стои во неговата биографија, не го довршил.

Постдипломски студии по мир и развој завршил на Институтот за одбрамбени и мировни студии при Филозофски факултет на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, Скопје во 2019 година.

Посетувал бројни обуки, семинари и други форми на образование во Бон, Германија, Солун, Грција, Софија, Бугарија, Дубровник, Хрватска, Лондон, Велика Британија, Тиват, Црна Гора…

Зборува англиски и турски јазик.

Професионална кариера

Од јуни 2019 година е советник во Дирекцијата за разузнавање на меѓународен тероризам и транснационален организиран криминал во Агенцијата за разузнавање.

Од 2016 година е редовен предавач на Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи.

Од 2017 година е предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Од 2017 до 2019 година е помошник директор на Агенцијата за разузнавање.

Од 2013 до 2017 година е директор на Агенцијата за разузнавање.

Од 2012 до 2013 година е в.д. директор на Агенцијата за разузнавање.

Од 2011 до 2012 година е директор на Директоратот за оперативно разузнавање во Агенцијата за разузнавање.

Од 2007 до 2011 година е советник во Дирекцијата за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање.

Од 2003 до 2007 година е прв секретар во Амбасадата на Македонија во Анкара, Турција, како преставник на Агенцијата за разузнавање.

Од 1999 до 2003 година е оперативен разузнавач во Дирекцијата за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање.

Од 1997 до 1998 година е хонорарен асистент на програмскиот кординатор во Балканскиот центар за мир на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Скопје.

Приватен живот

Роден е и живее во Скопје.

Татко е на две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОРТРЕТ: Мила Царовска, од активиска до вицепремиерка за економски прашања

ПОРТРЕТ: Оливер Спасовски, од адвокатски приправник до технички премиер

(Видео) Кој е Спасовски приватно: Лесно избувлив, но истраен

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски му одговори на Вархеји: Народот е тој што кажува дали се поминати црвените линии

Редакција

(Фото) Идеалите на безвременскиот визионер Гоце Делчев се патоказ за политиките на Владата, порача Ковачевски

Редакција

До средината на март ќе бидат затворени поголемите хотели на охридско-струшкото крајбрежје

Редакција