еМагазин
Image default
Локално

Посебен сообраќаен режим околу Соборниот храм: Еве кои улици ќе бидат затворени

Денеска со почеток во 11.00 часот во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“ ќе се одржи манифестација во склоп на Бадникови поворки.

„Манифестацијата ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија“ (ул. Црвена Скопска општина). Од 11:45 часот до 12:30 часот ќе се одржи Бадникова поворка од црква Св. Димитрија (ул. Црвена Скопска општина) до соборен храм „Св. Климент Охридски“.

Учесниците ќе се движат од ул.„Иљо Војвода“, лево по бул.„Гоце Делчев“, право по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“ до пред влезот на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу соборниот храм. МВР апелира до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Среќен Бадник и Божиќ: Преубав спот и песна за вечниот Бог

Голема божикна манифестација: Концерт, претстава бесплатни божикни колачиња за секое дете

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајката кај Струмица загина деветнаесетгодишна девојка

Редакција

43-годишен Дебранец почина од труење со плин

Редакција

Отвориле гроб и барале накит на Градските гробишта во Куманово

Редакција