еМагазин
Image default
Локално

Посебен сообраќаен режим во Скопје: Ќе се слави Илинден и ќе се снима филм

Утре (02.08.) со почеток од 09,00 часот поради одбележувањето на „Илинден“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата помеѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“, соопшти МВР.

„Исто така утре (02.08.) во времето од 05,00 до 14,00 часот на улицата „Беласица“ и од 14,00 до 18,00 часот на улицата „Самоилова“ (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“ од Скопје, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Општина Карпош сувите гранки ќе ги носи во Зоолошката градина, каде ќе се преработуваат за живеалиште на мајмуните

Редакција

И бегале на полицијата со моторна пила и секира во автомобилот

Редакција

Тепачка по состанок во средното училиште Перо Наков во Куманово

Редакција