еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Поштенска марка, ФДЦ и масовен коверт и максимум карта по повод роденденот на Тоше Проески

АД „Пошта на Северна Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да се купи поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт.

Како што појаснија од Поштата, филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта.

– Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда.

Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12 денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15 декември 2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна, се вели во соопштението.

Да се потсетиме, додаваат, на Тоше и да испратиме картичка со поштенска марка, со ликот на Тоше, на наш пријател или до Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и да напишеме колку ни значи Тоше.

– Да покажеме дека и сите ние, го сакаме исто толку, колку што тој нè сакаше нас!, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата донесе одлука за испорака на пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорачаме и на Македонија, најави Вучиќ

Редакција

Дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

5.713 фирми немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени

Редакција