еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапува дизелот, цената на бензините иста

Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,95 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51 денар за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава за 66,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 68,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,924 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,574 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол убедливо најтргувани во првите шест месеци од 2019 година

Никола Осило

Нема повеќе сметкопотврди како прилог кон фискалните сметки до 6.000 денари

Редакција

Aкции на Македонската берза со најголем пад на вредноста во февруари

Никола Осило