еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапува Екстра лесното масло за домаќинствата, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Екстра лесното масло за домаќинствата поскапува за два денара и од ноќеска на полноќ литар ќе чини 75,7 денари, а нема промени на цените на бензините, дизелот и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Цената на литар Еуросупер БС – 95 останува 81,5 денари, на Еуросупер БС – 98 и натаму ќе биде 83,5 денари, на Еуродизел БС (Д-Е V) 76 денари, а на килограм мазут М-1 НС 41,266 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 проценти во однос на одлуката од 27.минатиот месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и Митко Чавков: На отпуст од 30 дена пуштени петмина осуденици од затвор, осудени за настаните од 27. април

Редакција

Интерпромет откупи сопствени акции

Редакција

Новинар од 1ТВ сведочеше за „Рекет“: „Боки 13 ми нарачуваше теми за телевизијата да живее од нешто“

Редакција