еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува за половина денар

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-98.

За половина денар, пак, поевтинува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е 50,50 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 52,50 денари.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 31 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 16,144 денари по килограм.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 проценти во однос на утврдените цените на 27 април годинава.

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

– Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,197 проценти, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,342 проценти, кај екстра лесното масло има зголемување во просек за околу 2,615 посто и кај мазутот се регистрира намалување во просек за околу 8,932 отсто, соопшти РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно прием и испраќање мали пакети и препорачани пратки за САД, информираат од Пошта

Редакција

„Винер“ го доби тендерот за осигурување на вработените во МВР вреден 51 милион денари

Редакција

Дијаспората може да инвестира во македонските компании и да придонесе за економскиот раст, вели Костадиновски

Редакција