еМагазин
Image default
Бизнис

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а цената на ЕУРОСУПЕР 95 и 98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 60,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,711 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена, така што отсега тој ќе се продава по цена од 31,650 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дискотеката „Пулс“ во Кочани била казнета од УЈП и за неиздавање фискални сметки

Редакција

Комерцијална банка со придружните друштва оствари добивка од 29 милиони евра за една година

Редакција

Тетекс ќе дели дивиденда од 55,56 денари бруто по акција

Редакција