еМагазин
Image default
Македонија

Последен ден од јавната седница пред скопска Апелација за „27 април“

Со искази на дел од обвинетите и со обраќањето на обвинителството пред Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, денеска треба да заврши јавната седница по жалбите за пресудите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година.

Јавната седница за овој предмет вчера ја карактеризираше изјавата на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа, кој во своето обраќање пред судечкиот совет рече дека добил закани од придружбата на сопругата и ќерката на Митко Чавков (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност), додека бил спроведуван во судот.

Нинџа кажа дека добил закани и од Чавков дента на изрекувањето на пресудите.

Адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски по однос на оваа прашање, рече дека немало никакви закани бидејќи на рочиштето вчера немало никој од семејството на Чавков.

– Тоа е истото сценарио, заради кое некои добија осум години, а сите други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Ниту закана, ниту ништо. Кој на кого ќе се заканува.

Зошто се командирите тука да интервенираат. Кој си има мува на капата си кажува. Не станува збор за никаква закана, изјави Дуковски за тврдењата на Александар Василевски – Нинџа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

Редакција

Македонските ученици кои ги погоди земјотресот во Турција утре тргнуваат за Скопје

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 51 пациент, а вкупно се лекуваaт 483

Редакција