еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Последен поздрав до незаменливиот Сидо утре на градските гробишта Бутел

Еден од најпочитуваните педагози и ликови од скопскиот културен живот Стефан Сидовски – Сидо почина на 72 годишна возраст.

Тој ќе биде погребан во недела (7. јули) на градските гробишта Бутел.

Сидо зад себе остави голем печат врз илјадници ученици од гимназијата „Корчагин“ на кои им предаваше филозофија.

„Сидо беше наш омилен професор, кој во неговата долга кариера обликуваше многу генерации. Нѐ учеше за филозофијата, филмот, уметноста, животот, смртта и слободата. Во нашите сеќавања ќе остане вечно свој – праведен, инспиративен и слободен.

Токму затоа, во недела нема да жалиме за неговата смрт, туку заедно ќе го одбележиме неговиот живот и големо дело“, велат неговите ученици.

Сите кои сакаат да му одадат почит можат да ја проследат службата, која ќе започне во 10:20 часот во капелата при градските гробишта Бутел.

Фото: Фејсбук/Мери Цветковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Обој го светот портокалово“: Една од три жени на возраст од 15 години биле изложени на физичко или сексуално насилство

Редакција

Физиотерапевтите на Клиниката „Жан Митрев“ достапни за виртуелни консултации

Редакција

Капацитетите на хотелот „Ибис стајл“ исполнети вратите за изолација ги отвора и „Ибис Скопје сити центар“

Редакција