еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Доктор Мирослав Бошковски од Куманово, вработен во приватна здравствена организација, донираше конвалесцентна плазма за потребите на пациент заболен од Ковид-19 од Ресен.

Бошковски го видел апелот за донирање плазма на социјалните мрежи и бидејќи претходно и самиот ја прележал болеста се пријавил за донирање.

„Се бараше крвна група Б+ и се одлучив да донирам. Се јавив и за 24 часа од телефонското јавување беа направени сите подготовки, беше земена крв, извршени анализи и беше дарувана и плазма“, изјави доктор Бошковски.

Многу е потребно да се донира крвна плазма, која има исклучително значење за пациентите со тешка клиничка слика, апелира д-р Бошковски, кој инаку е претседател на локалниот огранок на Лекарската комора во Куманово.

Тој ги повикува сите кои ја прележале болеста и доколку ги исполнуваат критериумите за донирање, кои можат да се видат на Институтот за трансфузиона медицина, да се јават и да донираат плазма која може да спаси нечиј живот.

Бошковски раскажа и за своето искуство од болеста. Се заразил во првата половина од април, поминал со средна клиничка слика, со малаксаност, замор, кашлица, температура, отежнато дишење. Тој бил хоспитализиран и во Кумановската општа болница 17 дена.

„Се чувствувам добро, дарувањето плазма е исто како и секое нормално редовно крводарување. Ги повикувам сите кои се чувствуваат подготвено, кои ги исполнуваат условите да даруваат“, апелираше Бошковски.

Бошковски единаесет години работи како матичен лекар во ПЗУ „Доктор Горан Денковски“ во Куманово и пет години е специјализант по интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Брачен пар од Скопје даруваа крвна плазма: Не е лесно да се бориш против корона вирусот, затоа треба да се помогне

Фото: Фејсбук/Бошковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 206 оздравени од Ковид-19

Редакција

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен доаѓа во Македонија на крајот од месецов

Редакција

Бугарија денеска ќе ни прати генератори за граничните премини, бугарскиот министер Демерџиев најавува нова средба со македонските власти

Редакција