еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Потег за поздравување: Монасите од Бигорски ги спасија жителите на Гари од снежната блокада

Жителите од дебарското село Гари, област Мала Река, искажаа огромна благодарност до игуменот на Бигорскиот манастир, Анхимандрит Партениј со чиј благослов монасите од бигорското братство им излегле во пресрет и го деблокирале селото кое повеќе денови било завеано во снег.

Во селото, според Ѓорѓи Петрушевски, има четиресетина лица, меѓу нив и деца, кои главно живеат во Скопје, но тука во татковските огништа се дојдени за Божиќните празници и за празникот Водици.

„Останавме завеани повеќе денови. Побаравме помош во општина Дебар, но иако ни ветија, помошта не дојде. Потоа се обративме кај отец Партениј, кој веднаш се согласи да ни помогне. Испрати трактор со плуг и петмина браќа од монашкото братство. Заедно со нас неколку лица кои помагавме со лопати, со максимално шестчасовно ангажирање, од 21 часот до три часот наутро, беше одблокрано селото“, вели Петрушевски кој е годинешен кум за Водици.

Според него пробиен е патот од кракот кај Јански Мост до средсело или повеќе од илјада метри каде дебелината на снежната покривка била над 60 сантиметри.

Исто така, монасите помогнале  и во расчистување на селските улички.

По деблокирањето на патот во текот на денешнот ден во Гари присигнуваат и други лица по потекло од Гари, традиционално да го одбележат празникот.

МИА/Фото: Фејсбук/Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Браќата Манаки уште во 1903 ја снимија Македонија“: Твитер за првата фотографија од црната дупка

Редакција

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава „ББ-“ со стабилен изглед

Редакција

За првпат во историјата на САД: Обвинение за Трамп за случајот со исплата на мито за порно актерката Дениелс  

Редакција