еМагазин
Image default
Да помогнеме

Потребна е помош за семејството Мариновски чиј што стан изгоре во пожарот во Кисела Вода

Потребна е помош за еден од сопствениците на становите кои изгореа во пожар во Кисела Вода.

Апелот за помош го пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели, верувам се сеќавате на големиот пожар што се случи пред 20-тина дена во зграда во населбата Кисела Вода, за кој известија речиси сите медиуми, и во кој целосно или делумно изгореа повеќе станови.

Еден од оние кои изгореа целосно му припаѓа на мојот пријател Богдан Мариновски. По две недели поминати во болница, поради преголемо вдишување јаглерод моноскид и други опасни гасови што ги има во чадот, тој моментно престојува во привремено живеалиште, и се обидува да го рехабилитира својот дом.

Но, бидејќи се работи за целосно уништен простор, со опжарени ѕидови и изгорена покуќнина, односно за штета која се мери во десетици ијлади евра, не е во состојба самиот да го стори тоа.

Потребна му е помош, од било кој вид. Ние индивидуалците може да помогнеме со макар симболична парична помош, која доколку се собереме во доволен број, секако ќе биде значајна, а компаниите, покрај парични средства, може да донираат материјали или да помогнат во реновирањето на станот.

Станува збор за голема несреќа, во која би било убаво да се покаже нашата граѓанска хуманост.

Средствата може да се уплатат на следната жиро-сметка за донации:

Михаил Мариновски

Сметка: 210501639599294

Тутунска банка

Цел на дознаката: Донација за Богдан Мариновски

За донации од странство дадени се следните кодови:
IBAN Cod: MK07210501639599294
SWIFT: TUTNMK22

Би ве замолил да го споделите овој статус што пошироко, за барем малку да помогнеме, големата нереќа да биде ублажена, и еден човек со неговото семејство, да се врати повторно во својот дом.

За директни и побрзи информации може да се обратите на телефонот 071 243 993.

Во прилог и неколку фотографии од опожарениот стан, за поблиску да се добие впечаток за настанатата штета“.

фото: Фејсбук/Миодраг Мишолиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Милош оди со магаре на училиште, опериран е на срце но нема финансии за контроли

Редакција

За еден ден, 16 уметници ја потврдиле својата донација на дела за помош на настраданите во пожарот во Грција

Редакција

Аукција на потпишани спортски дресови за помош на Сара

Редакција