еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Потребно е и Бадентерово мнозинство: Во Собрание тешко ќе се имплементираат забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици

Мислењето за Законот за употребата на  јазиците на Венецијанска комисија е одложено, информираше прес-службата на Комисијата.

Истото требаше да биде соопштено на 17. октомври.

Од таму не ги откриваат причините за одлагањето, а дел од медиумите објавија дека тоа го барала македонската Влада за да има временски период од два месеци за консултации за забелешките за законот од страна на Венецијанска комисија.

Откако во медиумите беше објавена нацрт-верзијата од заклучоците, во кои Венецијанска комисија констатира куп забелешки за Законот, истиот стана тема за „препукувања“ помеѓу двете владејачки партии, СДСМ и ДУИ, кои очигледно различно гледаат на мислењето на Комисијата.

Премиерот Зоран Заев изјави дека Владата е подготвена да го имплементираме мислењето на експертите од Веницијанската комисија, бидејќи, според него, сето тоа што го предлагаат е на нивото на европските пракси.

„Рековме дека ја почитуваме Венецијанската комисија, која ќе го даде нејзиното конечно мислење, бидејќи досега како што коментираа, што е поважно дали владеењето на правото и очекувањето да се добие правда или употребата на јазикот. Можеме да дадеме објаснувања колку се важни правото на јазикот и на правда, за на крај да можеме да дадеме свое мислење и да можат тие да го оформат своето мислење, изјави Заев.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, пак, смета дека Законот за јазици е еден од основните столбови на Охридскиот рамковен договор, закон со кој може да кажеме дека административниот дел од Охридскиот договор е затворен.

„Секое враќање назад ќе значи отворање на Рамковниот договор и нови преговори“, изјави Османи, кој рече дека конечните препораки од Венецијанската комисија ќе се разгледаат и ќе се земат предвид, но одлуките се носат во Собранието.

Токму во Собранието Законот беше изгласан во март минатата година во тензична атмосфера, а таму за да поминат измените кои ги предлага Венецијанската комисија ќе бидат потребни и гласовите на партиите од албанскиот блок.

Имено, за да бидат изгласани евентуални измени на Законот, освен гласовите на 61 пратеници, потребно е и Бадентерово мнозинство, односно за истите да се согласат и партиите од албанскиот блок.

Така да, „препукувањата“ помеѓу партиите на темава, кои во следниов период ќе станат секојдневие, ќе биде само само за собирање на политички поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено

Венецијанската комисија најде куп забелешки на Закон за јазици кој е изгласан во Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје

Редакција

Од денеска во Грција попусти и до 70%

Редакција

Сите детали: Што предвидува методологијата за спроведување на пописот?

Редакција