еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потврден 41 нов случај: Вкупната бројка заразени од корона вирусот 1.367 лица

Во изминатите 24 часа направени се 728 тестирања, а потврден е 41 нов случај на корона вирусот (Ковид-19) и тоа во: Скопје -17, Куманово – 8, Прилеп – 8, Тетово – 4, Струга – 1, Велес – 2 и Битола -1, информира Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 1.367 лица, од кои најголем дел се во Скопје (468) и Куманово (363).

„Направените 728 теста се преку: Институтот за јавно здравје – 523, Ветеринарен факултет – 18, Авицена – 20, Биотек – 46, Филип Втори (Жан Митрев) – 97, Систина со PCR метода – 20 и МАНУ – 4.

Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 4 пациенти, а хоспитализирани вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 5 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се 5, а на респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, 1 пациент е во тешка општа  состојба, 11 пациенти се следат домашно лекување.

Во Штип се хоспитализирани 2, а на домашно лекување се следат уште 9 пациенти„, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Прилеп осум новозаболени од корона вирусот, почнува акција за дезинфекција

Во Куманово и Липково седум новозаразени од корона вирусот

Убава вест: Гевгелија во моментов не е на картата градови со заразени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кичево три нови случаи на Ковид-19

Редакција

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Редакција

Колона руски тенкови движат кон границата кај Харков во Украина, претстои „долга борба“

Редакција