еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потврдени нови 16 случаи, вкупно 2.014: Го достигнавме предвидениот пик на заболени од корона вирусот

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Последната дистрибуција по градови е Скопје – 733, активни 208, Куманово – 436, активни 35, Дебар – 51, активни 0, Штип-46, активни 11, Прилеп –210, активни 46, Тетово – 177, активни 70, Струга – 76, активни 9, Велес – 127, активни 40, Битола –28, активни 7, Охрид –23, активни 8, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –22, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1

“Направените 314 теста се преку: Институт за јавно здравје –292, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -13 и МАНУ -0.

Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика.

Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациент. На респиратор се 7, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент.

На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанка, тетовчанец и скопјанка починаа од корона вирусот

Убава вест: Регистрирани нови 14 оздравени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.453

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хакирана Европската агенција за лекови, цел на нападот документите за вакцината на Фајзер и Бионтек

Редакција

Обвинителството изврши претрес во ДИК и ја одзеде тендерска документација за софтверот кој беше хакиран

Редакција

Спор меѓу Софија и Скопје: Понижувањето како критериум за пристапување во ЕУ

Редакција