еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Потврдени повеќе од 60 говорници на седмиот самит „Македонија 2025“

Од 7 до 10 ноември во хотелот Мериот-Скопје, меѓународната невладина организација „Македонија2025“ по седми пат ќе го организира годишниот Самит „Македонија2025“ – динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.

На настанот ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе бидат Кевин Мурнејн – професор на Келог школата за менаџмент, САД; Гасан Хасбани – заменик-премиер и министер за здравство на Либија; Ентони Б. Ким – менаџер за истражување и уредник на индексот за економска слобода во The Heritage Foundation, САД; Џорди Серано Понс – основач и главен извршен директор на UniversalDoctor, Швајцарија, Јаир Енгел – основач и директор на Kayama – Центар за одржлив дизајн, Израел; Кетрин Константинидес – светски познат филантроп, активистка и претприемач од Јужна Африка и многу други.

Годинава за првпат организаторите најавуваат тридневна програма, исполнета со над 10 тематски дискусии и 4 „break-out“ сесии, кои ќе покријат широк спектар на теми како светски економски трендови, регионални инвестиции, лидерство, претприемништво.

Ќе се зборува и за дигиталната трансформација, примената на последните технологии во медицината, како и за произдводството на медицински канабис во Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на филантропијата и возвраќањето кон татковината, преку Добротворната гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, прославувајќи десет години од формирањето на организацијата и седум години од Самитот Македонија2025.

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30 септември со поволности за мали и средни компании. Доцната регистрација започнува веќе од 1 октомври 2018.

Регистрирајте се на официјалната веб-страна: www.mk2025summit.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Боговиње годинава ќе има скијање по оф-роуд патеки

Редакција

7мо историско велосипедско патување – На 1ви од Скопје до Богомила

Редакција

Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Редакција