еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Повеќе лекови на рецепт за месецов, поради грипот и морбилите

Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари за месец февруари, информираат од таму.

„Со оваа дополнителна мерка, Фондот обезбедува дополнителен износ од над 9 милиони денари за месец февраури 2019, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на месецот.

Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со денешниот датум.

Ова линеарно зголемување ќе важи само за месец февруари 2019 година. Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, со цел осигурените лица да добиваат навремено и квалитетно обезбедување на лекови на рецепт“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска Давкова: Се чудам на шокот на оние кои мислат дека играта е недолична за било која возраст, но повеќе им верувам на Ниче и Хавел

Редакција

(Фото) Мала драма со среќен крај: Спасени планинари од Чешка кои се изгубиле на Шар Планина

Редакција

До понеделник дожд и ветер, локално и во форма на невреме

Редакција