Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби денеска ја отвори седницата на која ќе се расправа по Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Груби соопшти дека се поднесени повеќе од 40 амандмани на Предлог-законот, од кои околу 20 од ВМРО-ДПМНЕ, 16 од СДСМ и коалицијата, 10 од ДУИ и три од пратеничката Сурија Рашити.
Веднаш по отворањето на седницата, Груби даде пауза за членовите на Комисијата да можат да ги разгледаат амандманите.
Најави дека расправата во Комисијата за европски прашања за Предлог-законот за јавно обвинителство може да трае најмногу два работни дена.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.