еМагазин
Image default
Свет

Повеќе од половина милион заразени со корона вирусот во САД, рекордни 2.000 починати за 24 часа

Бројот на заразени со коронавирусот во САД надмина половина милион, иако постојат индиции дека тоа што Американците остануваат дома помага во борбата против инфекцијата.

Како што пренесуваат странските агенции, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во САД се зголемува секојдневно за 30.000 до 35.000 откако тестирањето стана подостапно.

Во текот на последните 24 часа бројот на починати порасна за над 2.000, па вкупната бројка на починати е над 18.600.

Експертите за заразни болести предупредуваат дека е прерано да се ублажат мерките воведени за спречување на коронавирусот.

Економските експерти, пак, прогнозираат дека во април во САД без работа ќе останат повеќе од 20 милиони луѓе.

Тие изразуваат надеж дека економијата ќе почне повторно нормално да функционира во мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО предупредува: Укинувањето на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За само еден ден 100 смртни случаеви: Коронавирусот веќе усмрти над 1.000 лица

Редакција

Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии, предупредуваат од Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст

Редакција

(Видео) Путин облече скафандер и ги посети заразените од корона вирусот во Москва

Редакција