еМагазин
Image default
Техно

Повеќе од половината од општините активни и на Фејсбук

Сите 81 општина имаат официјални веб-страни, додека 52 општини имаат своја страна/профил на Фејсбук, покажува анализата направена во периодот помеѓу 15 и 30 декември 2018 година.10 општини се активни на Инстаграм, додека нешто поголема бројка или 14 општини имаат свој Твитер акаунт.

Единствени локални самоуправи кои истовремено имаат свои активности на Фејсбук, Твитер и Инстаграм се Градот Скопје, како и општините Гази Баба, Карпош, Крива Паланка и Македонски Брод. Општина Карпош и нејзиниот градоначалник се единствените кои имаат активности на сите онлајн платформи опфатени со оваа анализа.

„Полуфункционални веб-страни и стари информации, контакт адреси на gmail, слики од скопски музеи и странски знаменитости се само дел од она што можете да го видите ако ги анализирате официјалните веб страни на општините во Македонија. Се поставува прашањето кој се грижи за нивното одржување и редовно полнење со корисни информации за граѓаните. Транспарентноста на јавните функционери на сите нивоа на власта е клучна за демократијата.

Дополнително, активностите на социјалните мрежи се од голема важност за традиционалните медиуми кои оттаму добиваат уште поголем извор на информации за понатамошни новинарски и уреднички анализи. Правиме напори од оваа година да започнеме со уште подлабински анализи на квартално ниво кои ќе ги опфаќаат извршната, законодавната и локалната власт. За ова се обративме и разговараме со дел од донаторската заедница во земјава кои се надеваме дека ќе ја препознаат потребата и ќе дадат поддршка“, вели авторот на анализата, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми.

Кордалов дополнително, препорачува целосна интеграција на социјалните медиуми и општинските веб страни, како и верификација на страните и каналите со цел секој граѓанин да може лесно да препознае која страна е официјална.

„На тој начин, со секој трансфер на власта, тие ќе се остануваат во сопственост на локалната самоуправа, што ќе овозможи континуитет и градење доверба и кредибилитет кај јавноста.

Потребно е усогласување на домените кај сите единици на локалната самоуправа, како и дополнително да се обезбеди пристап до веб страните на секој официјален јазик во општината.

Препорачуваме општинските веб страни да имаат и верзија на англиски и друг светски јазик, бидејќи во ера на дигитализација официјалните веб страни и социјални медиуми на општините се дел од стратегијата за привлекување на домашни и странски туристи што понатаму значи побогата општина, развој на локалните бизниси и намалување на одливот на млади“, вели Кордалов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку градоначалниците го користат Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Емиратите ја лансираа првата ракета на Марс

Редакција

Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

Редакција

(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?

Редакција