еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе жени, 12 со претходни заболувања, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Во Македонија вчера беа регистрирани 37 нови случаи на заразени со корона вирусот.

“Тестирани се вкупно 508 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 188 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи.

Од таргетираниот скрининг во домови за стари лица во Скопје, тестиран е еден примерок и истиот е позитивен.

Регистрирани се вкупно 37 нови позитивни лица.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најголем дел (n=10) се од возрасната група на лица на возраст над 60 години.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 23 од женски и 14 од машки пол.

Регистрирани се 7 хоспитализирани лица.

Кај 12 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 16 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје, Тетово, Прилеп, Велес и Куманово најмногу активни случаи на заразени со корона вирусот

„Св. Ѓорѓија ја уби ламјата, Реисот ја уби короната„: Твитер реакции

Фото: Кабинет на претседателот/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Редакција

„За 2 недели ќе видиме кој си поминал најубаво во Охрид“: Твитер реакции за преполните охридски плажи

Редакција

Во САД одобрена трета доза вакцина за лицата со послаб имунолошки систем

Редакција