еМагазин
Image default
Техно

Повик до дигиталните уметници: Искористете ја приликата вашата работа да биде видена ширум светот!

Дигиталните уметници низ светот ги израдува веста за новиот отворен конкурс за промоција на модерните творби во необична соработка на компанијата Samsung Electronics и премиум платформата Niio. Конкурсот насловен како Samsung The Wall x Niio Art Awards има за цел да ги открие најинспиративните дигитални уметнички дела, како на неафирмираните, така и на веќе признатите уметници.

Покрај приликата нивната работа да биде претставена на вкупно десет изложбени локации насекаде низ светот, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Сингапур, Велика Британија и Соединетите Американски Држави и тоа на најновиот Samsung телевизор The Wall, тие меѓусебно ќе се натпреваруваат и за парична награда во износ до 15.000 долари.

Од неодамна достапен на пазарите ширум светот, The Wall телевизорот е најнов пример на иновативната 4K MicroLED технологија, која што има моќ да се прилагоди на било која големина и резолуција на екранот, разубавувајќи го изгледот во секој простор. Меѓутоа, овој пат оној кој што ќе биде разубавен е The Wall и тоа со најдобрите дела од овој конкурс.

За победниците ќе одлучува жири составен од светски признати експерти за дигитална уметност, а критериумите кои ќе водат до победа ќе бидат креативноста и оригиналноста по прашање на концептот и деталите.

„Соработката на нашата компанија со Niio Art платформата и нејзината глобална заедница на создавачи, им оддава почит на оние кои што поседуваат талент за дигитална уметност, нудејќи им простор каде што нивниот талент ќе биде видлив и достапен за сите.

Овој конкурс исто така ќе одигра значајна улога во претставувањето на новата ера на конзумирање на уметност, која што оживува на екранот на The Wall телевизорот“, рече Hyesung потпретседателка на сегментот Visual Display Business во компанијата Samsung Electronics.

Niio е најголемиот каталог на подвижни слики во светот, кој што секојдневно ги инспирира љубителите на визуелната уметност, давајќи им прилика да уживаат во неа на уредите во своите домови.

Благодарејќи на напредната технологија, оваа премиум платформа опфаќа повеќе од 4.000 уметници, галерии и партнери од повеќе од над 70 земји во светот, кои што на едно место можат да ја складираат и да ја објавуваат својата уметност, како и да позајмуваат или пак да купуваат туѓа.

„Во светот во кој што сме меѓусебно поврзани, креативните луѓе сè повеќе ги користат дигиталните алатки за да ни ја раскажат нивната приказна. Поради истото навистина ни е многу драго што остваривме соработка со Samsung и што им се пружи прилика на современите уметници да ги изложат своите дела на ваков посебен уред, кој што е самиот по себе уметничко дело“, рече Rob Anders, генерален директор на платформата Niio.

Сите кои што се заинтересирани за конкурсот можат да ја посетат веб страницата www.niio.com, каде што можат да ги постават своите дела, да ги најдат потребните информации за пријава, условите на конкурсот, роковите и наградите.

За повеќе информации за телевизорот The Wall, посетете ја веб страницата displaysolutions.samsung.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апликацијата Мојот А1 со нова функционалност – Дигитален техничар, достапен 24/7

Редакција

Samsung Galaxy Note10: Дизајниран за врвно корисничко искуство со перформанси за новите генерации

Редакција

(Видео) Мини-хеликоптер на НАСА прв пат леташе на Марс

Редакција