еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Повик до туристичките работници од Охрид, Дојран, Преспа, да овозможат бесплатно летување за децата со посебни потреби, од социјално загрозени семејства и децата на самохрани родители

Како што објави еМагазин, благодарение на Фејсбук групата Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце, нејзините администратори и вистински општествено одговорни фирми и оваа година неколку семејства со деца со посебни потреби, деца на самохрани родители и деца од социјално загрозени семејства ќе добијат бесплатно летување.

Годинава во хуманата акција за сега се вклучија само туристички агенции, кои овие деца ќе ги носат на море, надвор од Македонија, а жал изостанува интересот од страна на домашните туристички работници од Охрид, Дојран, Преспа…

“Имаме семејства кои немаат пасоши, а ние не сме во можност на сите да извадиме. Затоа ајде да ги израдуваме тие семејства што немаат пасоши. Ајде нив да ги пратиме на одмор во Охрид, Дојран, Преспа… и во Македонија имаме места за одмор нели?

Дали предизвикот ќе го прифатат оние кои издаваат апартмани, дали ќе ги отворите вратите за овие семејства?

Ајде да израдуваме некое дете и ова лето да им биде незаборавно лето“, велат од Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце.

И еМагазин се вклучува во овој повик. Ги повикуваме сите кои се во бизнисот со туризам во Македонија, ако имаат можност да се вклучат во оваа хумана акција, но и сите други фирми и поединци кои се надвор од овој бизнис да помогнат доколку се во можност.

“Додека ние размислуваме каде на одмор, некој неможе ни да помисли на такво нешто. Едниот родител вработен, но другиот неможе ни да помисли да работи зошто мора да биде со детето кое е со посебни потреби. Родител кој е самохран зошто другиот родител ги напуштил и несака ни да слушне за своите деца, не па да ги види.

Дали некогаш сте помислиле на овие семејства?

Дали можете да ослободите една соба за едно семејство да биде сместено во летниот период кај Вас во вашите апартмани и да користи одмор? Дали пет дена ќе Ве направат побогати парично или побогати во срцето – сепак од Вас зависи.

И овој повик не е само за тие што издаваат, истиот се однесува и на рестораните, превозниците, туристички агенции…

Да се организираме заедно и ова лето нека биде среќно лето за некое семејство.

Заедно можеме нели?“, велат од Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Браво: Туристички агенции ќе носат деца со посебни потреби, деца од социјално загрозени семејства и деца на самохрани родители на море

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката Силвија Стојановска обвинета за меѓународен шверц на кокаин

Редакција

Владата пред тешка одлука: Каква полза од празничен полициски час ако ИВЗ си тера по старо?

Редакција

Лекција од Констракта како да ја преставиш својата земја на Евровизија

Редакција