еМагазин
Image default
Бизнис

Повлечен предлогот за стечај во винарската визба “Повардарие”

Основниот суд Велес го повлече предлогот за стечај во винарската визба “Повардарие”, откако неколкумина доверители кои на 20 ноември побарале стечај за винарницата, на 22 овој месец до првостепениот суд поднеле поднесок за повлекување на предлогот за отварање на стечајна постапка.

За ова денеска во изјава за МИА информираше Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.

-Се разрешува и привремениот стечаен управник. Ние лозарите се надеваме дека сега откако е повлечен предлогот за стечај, винарската визба ќе ги исплати заостанатите долгови за предадено грозје пред неколку години. Според наши информации, се работи за околу 750 илјади евра, нагласи Кулев.

Тој повтори дека оваа винарница и уште една во стечај, на лозаропроизводителите им должат околу милион и 400 илјади евра.

-По вчерашниот наш протест за остварување на нашите права како производители кои побаруваат пари за грозје од пред неколку реколти, во Кавадарци дојде директорот на Инспекторатот за земјоделство заедно со негови соработници. Одржавме заеднички состанок и им ги презентиравме сите наши барања кои се однесуваат на исплата на стари обврски кон нас од страна на овие две винарници, а се осврнавме и на останатите наши барања, со чие исполнување се надеваме дека ќе овозможиме подобри денови за лозарството, додаде Кулев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

Редакција

„Мермерен Комбинат“ оствари добивка од 820 милиони денари за девет месеци

Никола Осило

Продадени акции од „Макпетрол“ за милион денари

Никола Осило