еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сергеј Варошлија не смее да користи фотографии од социјалните мрежи без согласност, утврди ДЗЛП

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, достави Допис – Известување, дека во случајот кој Агенцијата го иницираше за емисијата „Студио Мода“ емитувана на 1ТВ, е утврдена повреда на правото на заштита на личните податоци, се вели во соопштението објавено на страницата на АВМУ.

„Во Дописот од Дирекцијата, наведено е дека на 1ТВ му е дадено укажување во насока на почитување на прописите за заштита на личните податоци, во делот на користење на личните податоци во емисијата, особено во делот на користење фотографии обезбедени преку социјалните мрежи, со оглед дека нивната обработка без согласност од субјектот на личните податоци, претставува неправична и незаконска обработка на личните податоци“, се вели во соопштението.

Сите наоди од страна на ДЗЛП во однос на емисијата на Сергеј, може да ги прочитате ОВДЕ.

Фото: Фејсбук-профил на Сергеј Варошлија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водителката Бојана Скендеровски најавува тужба за „1ТВ“ поради модните критики на Сергеј

Водителката Елена Стефановска ќе го тужи колегата Сергеј Варошлија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

Редакција

Снежни врнежи: Однесување на пешаците во сообраќајот кога има снег

Редакција

Апел од средното музичко училиште: „Денови на македонската музика“ не смеат да згаснат

Редакција