еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Повторно лажни наградни игри со злоупотреба на Охридска и Комерцијална банка

На социјалните мрежи повторно се појавија лажни постови за наградни игри на Охридска и Комерцијална банка.

„Во текот на вчерашниот ден се појави Фејсбук страница која го злоупотребува името на Охридска банка АД Скопје и која преку лажна наградна игра собира лични податоци.

Охридска банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа лажна Фејсбук страница. Ве известуваме дека официјалните комуникациски канали и податоци за Банката се објавени на корпоративниот веб-сајт www.ohridskabanka.mk

Апелираме до целата јавност да биде исклучително внимателна со своите лични податоци имајќи ја предвид сериозноста од злоупотреба на овие податоци од трети лица.

Охридска банка веќе ја пријави оваа злоупотреба во Фејсбук и ќе преземе понатамошни чекори за расчистување на овој случај во надлежните институции“, велат од Охридска банка.

И од Комерцијална банка реагираа на лажната наградна игра во името на банката.

„Повторно се појави лажна Facebook страна со име „Komercijalna Banka AD Skopje“ која се обидува да прибере лични податоци од корисници на оваа социјална мрежа. Лажната страна веќе е пријавена.

Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook и повторно Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате Вашите лични податоци додека сте на интернет.

Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи“, реагираат од Комерцијална банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од „Алкалоид“ за 136.000 евра

Редакција

Проф. Трајковски: „Најголем дел од случаите со омикрон, можеби и над 90% се асимптоматски“

Редакција

Сите детали: Нови услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството

Редакција