еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Рекет“: Повторно не дојдоа сведоците на Боки 13, Панделески бил на службен пат

Отсуството на сведокот Дејан Панделески во случајот „Рекет” го одложи денешното рочиште за овој предмет, каде обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева.

При образложение на оваа одлука, судијката Васка Николовска-Масевска рече дека Панделески, не е пронајден на адресата доставена од одбраната, односно адресата била од работното место на сведокот од каде известиле дека тој е на службен пат.

Следното рочиште е закажано за 3-ти март.

Воедно, судечкиот совет информира дека рочишта за предметот „Рекет“ се закажани до 10 април.

Според редоследот на рочиштата, судењето ќе продолжи и во тек на изборна камапања за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Вчерашното рочиште за „Рекет“ беше одложено за денеска поради отсуство на поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен, Владимир Тодоровиќ, кој треба да сведочи на предлог на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13. Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева изнесена од судница поради недоличните коментари кон Стефанова, ја нарече „гомнарке“, и „ороспијо“

Редакција

Здравствените работници на удар: Нападната медицинска сестра во поликлиниката Драчево

Редакција

Лажни се дојавите за денешните бомби

Редакција