еМагазин
Image default
Локално

Пожар во ресторан позади Катастар во Тафталиџе

Пожар во ресторан позади Катастар кај Педагошка академија денеска избувна при што е уништена кровната конструкција.

Противпожарните служби на Град Скопје интервенирале со пет возила и 15 пожарникари.

Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот кај нив е пријавен во 11:20 часот, а изгаснат околу 11:45 часот.

Најверојатно пожарот избувнал од скарата во ресторанот по што биле зафатени оџакот и кровната конструкција. Причинета е материјална штета.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандска туристка пронајдена мртва во хотел во Струга

Редакција

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трката „Халк Еко Скопје трча 10К“

Редакција

(Галерија) Прилеп во новогодишно руво

Редакција