еМагазин
Image default
Локално

Пожари му се закануваат на Скопје: Гори во близина на Пинтија и над Арачиново

Пожар избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена е поголема површина мешана шума.

Како што соопштија од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје, во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило.

„Шумски пожари има и над селото Долно Блаце и кај селото Мојанци над Арачиново, кои се од помал обем. На терен се испратени екипи на ТПП кои ги гаснат и овие пожари“, информираа од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје.

Денеска по речиси два дена активно горење беше изгаснат пожарот над селото Буковиќ во околината на Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарски државјанин прегази човек кај Ново Село кој починал на лице место

Редакција

Кривична пријава за градење на диво во Маврово

Редакција

Поради оперативно-тактичка вежба посебен режим на сообраќајот во Скопје

Редакција