еМагазин
Image default
Локално

Пожари на неколку локации во Македонија

На 23.09.2018 година во 14,45 часот било пријавено дека на влез во Скопје, после патарина „Петровец“ избувнал пожар во кој била опожарена сува трева, информира МВР.

Во 15,35 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Истиот ден во 14,20 часот било пријавено дека во с.Кучково-скопско на место викано „Перија“ од манастирот „Свети Ѓорѓија“ во правец кон с.Грачани, од засега непознати причини избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот во 15,30 часот бил целосно изгаснат.

На 23.09.2018 година во 12,30 часот било пријавено дека во Делчево, атар на с.Звегор, избувнал пожар на површина од околу два до три хектари, при што изгорела сува трева и насад со сливи. Од страна на Територијалната противпожарна заштита Делчево во 14,25 часот пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасено лице кое скокнало кај Камени мост во Вардар

Редакција

Драма во Агенцијата за аудио и аудивизуелни услуги: Колега и се заканувал со нож

Редакција

Гореше „БМВ“ во село Грчец

Редакција