еМагазин
Image default
Македонија

Позитивен на корона вирусот криумчар од Косово кој превезувал 113 мигранти во ладилник

Криумчар на мигранти од Косово е позитивен на Kовид-19, а не граѓанин од Струмичкиот регион, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

Според него, станува збор за државјанин на Косово И.П. (30), кој вчера по полноќ беше откриен од полицијата на клучката кај селото Миравци на автопатот Гевгелија-Скопје, како во камион со ладилник превезува 113 мигранти од Бангладеш, Индија и Мјанмар.

„На лицето вчера му е земен брис од страна на екипа на Центарот за јавно здравје и денес се покажа дека e позитивен на Kовид-19. Според воспоставените процедури, на уапсените лица и тие кои се упатуваат во притвор им се прави тест“, рече директорот Витанов.

Инаку, Косовецот е спроведен на издржување на мерката притвор во Затворот „Скопје“ според пропишаните правила и прописи и тој од вчера се наоѓа таму.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот

По четири дена без регистрирани, денес еден новозаболен од корона вирусот во Прилеп

Три позитивни случаи на корона вирусот во герантолошка установа во Скопје

Стружанец на 44 години и тетовец на 54 години меѓу седумте починати од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По бурните реакции, Заев најави дека прагот од 2% за потписи за независните листи ќе биде или намален на 1% или укинат

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на вицепремиерот Димитров

Редакција

„Огнените“ и официјално станаа фракција на ДУИ

Редакција