еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Познато друштво“ повторно во Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Комерцијална банка преку Македонската берза ја објави предлог одлуката за именување на членови на Надзорниот одбор на банката на престојното Собрание на акционери.

Во неа се најдоа веќе познати имиња кои и досега членуваа во Надзорниот одбор на банката.

Се предлагаат Сава Димитрова, генерален директор и Претседател на Управен одбор на АД „Европа“, која поседува 425 акции во Комерцијална банка и има одобрени кредитни лимити во износ од 202.840 денари.

Таки Фити, академик и универзитетски професор, кој поседува 112 акции во Комерцијална банка и има одобрени кредитни лимити во износ од 49.500 денари.

Александра Максимовска Стојкова, универзитетски професор, која не поседува акции во банката, а има одобрени кредитни лимити во износ од 347.940 денари.

Горан Антевски, управител во Раде Кончар – ТЕП, Електро сектор, кој поседува 2.616 акции во Комерцијална Банка АД Скопје, 7.350 акции во Раде Кончар – Апаратна техника, 60 акции во Алкалоид АД Скопје и има одобрени кредитни лимити во износ од 572.000 денари.

Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка АД Прилеп, кој поседува 3.489 акции во Комерцијална банка АД Скопје, 5.390 акции во П.И.“Витаминка“ А.Д., Прилеп, 25% удел во ГОСМАРТ ДООЕЛ Прилеп, 26% удел во “Енерготек“ ДОО Скопје и 20,8 % удел во “Ведрина“ ДОО Прилеп.

Тој има одобрени кредитни лимити во износ од 948.000 денари.

Ванчо Чифлиганец, директор на градежна фирма “Адора инженеринг“ ДООЕЛ Скопје, кој лично не поседува акции, ниту пак користи кредити од банката, но преку неговата фирма е најголем поединечен акционер во Комерцијална банка.

Фатмир Етеми, управител на градежната фирма ЗСФ КОМ ДООЕЛ Скопје, кој лично не поседува акции и не користи кредити од банката, но акционер е неговата фирма.

Детален преглед на биографиите на предложените членови ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка лани им исплатила 2,3 милиони евра на 50 менаџери

Комерцијална банка на тројца членови на Управниот одбор лани им исплатила 876.000 евра за плати и надоместоци

Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда во бруто-износ од 550 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлагањето на преговорите негативно влијае врз Македонија: МИА објави дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на земјава

Редакција

СДСМ и коалицијата преставија свои предлог-заклучоци за “францускиот предлог“

Редакција

(Видео) Виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори фестивалот „Охридско лето“

Редакција