еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прашањето со ФФМ ќе се реши врз основа на Договорот од Преспа и правилата на УЕФА, вели Заев

Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот, Зоран Заев во писмената изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Изјавата на премиерот Заев е по реакциите во Грција за амблемот на ФФМ на дресовите на нашите репрезентативци.

-Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација на првенството ја претставува Северна Македонија. Дури и Федерацијата да не е јавен ентитет, националниот тим е. Како што е во сите земји во светот.

Па така, јасно е и треба да биде јасно на сите нивоа дека е репрезентација на Северна Македонија, ирелевантно од иницијалите на Федерацијата на дресовите. Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот Заев.

Премиерот во изјавата додава дека „имплементацијата на Договорот од Преспа е работа во тек и нашата цел е постепено да најдеме решенија со соседите кои го спроведуваат Договорот и да нè придвижат напред врз основа на соработката и взаемното почитување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА ја одби жалбата на Грција: Кратенката „МКД“ е во согласност со Договорот од Преспа

Кодовите МКД и МК се во согласност со Преспанскиот договор, вели министерот Маричиќ

Што пишува во Преспанскиот договор за кратенката МКД и дали ФФМ треба да си го смени името?

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојата желба е што побрзо да се оперирам и да бидам како и останатите деца,” вели Благица на која ѝ требаме

Редакција

51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Штипски пожарникар исчезнал на планината Серта

Редакција