еМагазин
Image default
Македонија

Пратеничката група на ДУИ активно ќе учествува во кампањата за референдумот

Пратеничката група на ДУИ соопшти дека денеска го информирала претседателот на Собранието дека ќе земе активно учество со сите свои пратеници за референдумот на 30 септември.

„Имајќи ги предвид нашите лични определби како пратеници, но и партиските, стратешките и идеолошките определби за интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, сите пратеници на ДУИ, со поддршка и на извршната и на локалната власт, но и на цивилното општество, ќе води кампања „за“ Преспанскиот договор и успешна евроатлантска интеграција на нашата земја затоа што успешен референдум генерира мир, стабилност, сигурност, владеење на правото, еднаквост, економски развој и општествена благосостојба како и постројување на нашата држава рамо до рамо со големото евроатлантско семејство“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери побара од пратеничките групи до понеделник да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата за референдумот и да кажат дали се „за“ или „против“. Собранието, кое ќе ја води кампањата како овластен предлагач, формираше и Координативно тело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шекеринска: МО ќе оддели околу 60 милиони денари за кампањата за референдумот

Редакција

Зоран Милески-Кичеец дал изјава во полициска станица за сите „бомби„

Редакција

Што поголеми бројки на заразени толку поголеми казни за неносење маски, дури 899

Редакција