еМагазин
Image default
Бизнис

Пратениците од власта и опозицијата ги изгласаа законските измени за минимална плата од 14.500 денари

Собранието со 59 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“, го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка.

Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ информира дека предлагаат ново зголемување на минималната плата од 14.500 денари кое ќе важи од декември 2019 година заклучно со март 2020 година кога, како што рече, очекуваме да имаме законско усогласување и вака како што сме тргнале ќе дојдеме и до платата која ја ветивме во нашата предизборна кампања, до минимална плата од 16.000 денари.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го поддржат законот, но сметаат дека тоа е популистичка мерка пред избори и оти не е објаснето како е стасано до сумата од 14.500 денари бидејќи не е приложена никаква анализа.

Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека принципиелно ќе гласа и ќе го поддржи овој закон бидејќи, како што рече, секогаш ќе бидам на страната на работниците и секое законско решение што нешто значи за нив, ќе го поддржам.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Винер“ го доби тендерот за осигурување на воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување вреден 177.000 евра

Редакција

НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“ според EMEA Finance

Редакција

(Фото) “Цвета“ бизнисот со налепници НМК

Редакција