еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажуваат од дебата: Ќе гласаат против уставните измени

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието на Република Македонија, соопштија од партијата.

„Пратеничката група заклучува дека е кажано се и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени„, стои во соопштението.

Воедно се посочува дека тие нема да гласаат за пристапување кон измени на Уставот.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја изразија својата увереност дека предложените измени и амандманите на Уставот нема да минат во Собранието на Република Македонија и со тој свој став го запозна раководството на ВМРО-ДПМНЕ, при што едногласно ја потврдија својата позиција дека ќе гласаат против уставните измени“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во петок продолжува расправата за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веб страната за вакцинанција против Ковид-19 достапна и на албански јазик

Редакција

Пороен дожд вечерва низ Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.014 заболени од Ковид-19

Редакција