еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Правни лавиринти и лекови: Ќе „лежи“ ли затвор екс-премиерот Груевски?

Македонската јавност се повеќе го поставува прашањето дали екс-премиерот Никола Груевски ќе почне да ја издржува затворската казна или ќе најде начин преку правни лекови да го одложи почетокот на издржувањето на казната закажан за 8 ноември, годинава.

Адвокатите на Груевски на располагање имаат два механизми преку кои можат да бараат одлагање на извршувањето на казната.

Првиот е да се бара преиспитување на пресудата преку вонреден правен акт кој се поднесува до Врховниот суд. Судиите од Врховен може да донесат решение да го одложат изршувањето на затворската казна додека додека не се произнесат по вонредното преиспитување на пресудата.

Ваква одлука имаше и во случајот со поранешниот министер за одбрана и експремиер Владо Бучковски за аферата „тенковски делови“.

Втората можност е да се искористат одредбите од Законот за извршување на санкции кои овозможуваат одлагање на издржувањето казна затвор под одредени околности.

Во целост ви ги пренесуваме овие одредби:

Одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор

Член 89

(1) На осуденото лице кое се наоѓа на слобода може по негова молба да му се одложи почетокот на извршувањето на казната затвор, ако:

-Се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности

-Се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице

-Одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила

-Осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета

-Одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувало

-Заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството, или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството

-Ако е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеца и

-Ако е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или тие лица имаат живеалиште или престојувалиште.

Фото: Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски до 8 ноември треба да се јави во затвор

Ќе простат ли граѓаните евентуална амнестија за Мијалков, Груевски и останатите?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 297 случаи на Ковид-19, оздравени 180, починати две лица

Редакција

Починаа уште шест лица од Ковид-19, вкупно 563

Редакција

Трагедија: 32-годишен маж почина откако со возилото излетал од патот кај Ржаничино

Редакција