еМагазин
Image default
Локално

Празничен возен ред на автобусите на ЈСП

Автобусите од јавниот превоз за време на новогодишните и божиќните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред, а изменето работно време ќе има и жичарницата на Водно, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

На 31 декември автобусите  на ЈСП ќе сообраќат по делничен зимен возен ред. Ноќните линии на 31 декември  (кон 1 јануари) ќе сообраќаат по возен ред како во сабота кон недела, а на 1 јануари по неделен возен ред.

Поради зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 2 јануари ќе биде редуциран и тоа ќе трае до завршување на распустот на учениците. На 6 јануари (Бадник) и 7 јануари (Божиќ) автобусиите ќе сообраќаат по неделен возен ред во зима.

Линиите бр. 25 (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) на 7 јануари (Божик) ќе возат по неделен зимен возен ред, а на 6 јануари (Бадник) ќе сообраќа само линијата 25, по делничен зимен возен ред, а линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат.

Жичарницата на Водно нема да работи на 31 декември затоа што секој понеделник и последен вторник во месецот се врши редовен сервис на објектот. На 1 јануари ќе работи од 11 до 17 часот, а отворена за посетители ќе биде на Бадник и Божиќ (6 и 7 јануари) од 10 до 17 часот.

На 1, 6 и 7 јануари дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и во Ѓорче Петров. На 1 јануари овие три билетарници ќе работат од 10 до 18 часот.

На 6 и 7 јануари билетарницата на ЈСП во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, а билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар од 7 до 19 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец починал пред неговата гаража

Редакција

На 15 дена стопирана изградбата на деветкатницата во скопски Аеродром

Редакција

Кавадарчанец загина во сообраќајка, брат му и татко му со тешки телесни повреди на клиника во Скопје

Редакција