еМагазин
Image default
Бизнис

Пред отворање рестораните треба да се дезинфицираат

Пред отворање на угостителските објекти ќе треба повторно да се изврши дезинфекција и чистење на опремата и површините што служат за обработка на храна.

Пред отворањето, рестораните ќе треба да извршат една општа дезинфекција во самиот објект, бидејќи подолго време стоел запечатен, неотворен и не знаеме што се се случувло таму, изјави денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Тој информира дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) подготвува соопштение до јавноста во врска со овие препораки, напоменувајќи дека тоа ќе се прави, бидејќи рестораните подолг период не работеа.

Одговарајќи на новинарско прашање за хигиенските услови во маркетите и месарниците, Атанасов појасни дека кога се зборува за добра хигиенска пракса тоа се однесува на условите во кои се држат производите, опремата и работната површина што се користи, пред се во месарниците.

– Со самата пракса е предвидено на колку време треба да се чистат, да се водат записи, да се врши дезинфекција на самите површини. Најчестите отстапувања се во тој дел.

Во секојдневните извештаи од страна на инспекците служби е констатирано ангажирање луѓе кои немаат завршено соодветни курсеви за безбедност на храна и луѓе кај кои не се извршени санитарни прегледи кои треба да се извршат.

Тоа не е само поради Ковид-19, туку и поради опасности од други болести што можат да се пренесат преку храната, рече Атанасов.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) На ручек разделени со плексиглас: Рестораните и кафулињата во Скопје се подготвуваат за отварање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 30 дена се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании

Редакција

Штипски Бетон во загуба

Редакција

АЕК: Промена на ТВ-каналите во одредени региони поради воведување 5G технологија

Редакција