еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија ги предаде преговарачките рамки за Македонија и Албанија до Советот на ЕУ

Европската комисија (ЕК) денеска ги предаде преговарачките рамки за Македонија и Албанија до Советот на ЕУ (земјите членки на ЕУ), содржината на рамките нема да се објави додека Советот не ги усвои, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Денес се одбележува уште еден важен чекор на патот на Албанија и Македонија кон Европската Унија, стои во писмената изјава на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Преговарачките рамки се позицијата на Европската Унија во преговорите за членство. Европската комисија поднесува нацрт рамки до земјите членки, кои треба да ги усвојат по евентуални модификации.

Рамките се поделени на три дела: водечките принципи на пристапните преговори, суштината на преговорите и преговарачката процедура, со цел да се обезбеди целосно спроведување на европското законодавство и неговите принципи во законските рамки на земјите кандидати.

Во споредба со рамките на претходните земји кандидати, Европската комисија вели дека за Скопје и Тирана се додадени и начелата на новата преговарачка методологија усвоена во март, земен е предвид и развојот на европското законодавство како и специфичностите и заслугите на секоја поединечна земја.

Конкретно, фокусот на овие рамки е врз владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и јавната администрација, како и економијата, а се предвидува „посилен политички двигател“ на процесот како и подинамичен ритам на преговорите преку групирањето на поглавјата за преговори во тематски кластери.

-Со нетрпение ги очекувам дискусиите помеѓу земјите членки за да се одржат што е можно побргу првите меѓувладини конференции со двете земји. Нивната иднина јасно се наоѓа во Европската Унија и уверен сум дека тие ќе продолжат да ги исполнуваат реформите на патот кон ЕУ, како што досега тоа го правеа, изјави Вархеји.

Според дипломатите во Брисел не се очекува првата меѓувладина конференција пред крајот на оваа година. Земјите членки би требало да разговараат за проширувањето од септември, со оглед на тоа дека летото ќе биде целосно посветено на обидот да се пронајде компромис за излез од економската криза на ЕУ и иднината на нејзиниот буџет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 4,35, на депозитите 0,71%

Редакција

Банки или лихвари: Просечната камата за штедење 1,39%, а за кредити 6,17%

Редакција

(Видео) Неверојатни сцени од Анкара: Песочна бура го проголта градот

Редакција