еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Предлог-буџет 2020: Енормно зголемување на парите за патни трошоци и договорни услуги

Драстино зголемување на расходите предвидени за патни и дневни трошоци има во предлог-буџетот за 2020 година за кој денеска во Собранието треба да расправаат Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Имено, расходите за патни и дневни трошоци се зголемени од 599.706.000 денари (9,7 милиони евра) колку што изнесуваат годинава на  924.701.000 денари или околу 15 милиони евра за следната година. Станува збор за зголемување од 5,3 милиони евра.

Во предлог-буџетот за 2020 година има и енормно зголемување на договорните услуги. Тие се позиционирани на 37,4 милијарди денари или околу 608 милиони евра што е зголемување за 108 милиони евра во однос на годинава кога за договорни услуги биле наменети 30,7 милијарди денари или околу 500 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буџет 2020: Колку ќе се задолжи Владата за отплата на стари долгови?

Владата планира да прибере 94 милиони евра од глоби и такси во буџетот за 2020 година

Од буџет „тежок“ 3,8 милијарди евра само 19 милиони евра за заштита на животната средина

Арсовска: Буџетот е наменет за плати, не и да го помогне стопанството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани, одлучи Советот за координација по честите дојави за бомби

Редакција

Black Friday: Големи попусти цел викенд на Fashion Group

Редакција

И со Амди во трката: Без предвремени парламентарни избори тешко до цензус за претседател

Редакција