еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предметот на СЈО, „Друмарина“ за патните трошоци на Силвана Бонева пред финале

Предметот „Друмарина“ за патните трошоци на поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева се наоѓа во фаза на истражна постапка, стои во најновиот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

“Во текот на извештајниот период, преземени се голем број на истражни дејствија, односно испитани се сведоци, поднесени се повеќе барања до различни институции по кои се доставени бараните податоци.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите донесе Решение НСК-КО бр.19/17 од 22.10.2018 година со кое воспостави стварна надлежност на предметот РО.бр.1590/18 на Основно јавно обвинителство Скопје, како и Решение НСК-КО бр.19/17 од 25.12.2018 година со кое воспостави стварна надлежност на предметот РО.бр.3043/18 на Основно јавно обвинителство Скопје.

Предметот се наоѓа во финална фаза, па по завршување на истражната постапка, ќе се донесе јавнообвинителска одлука“, пишува во извештајот на СЈО.

Според СЈО во периодот од јуни 2012 до декември 2015 година, пратеничката во Собранието приложила 843 фискални сметки кои наводно ги зела одејќи на релација од својот дом во Струмица до Скопје, меѓутоа обвинителството има докази дека таа имала сместување во главниот град и дека нејзиното возило поминало 100.000 километри помалку отколку што требало да има изминато ако навистина секој работен ден патувала.

СЈО пресметало дека на овој начин Бонева направила измама што го чинела Собранието некаде околу 100.000 евра.

Патните трошоци на пратеничката беа топ тема во медиумите и јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува со предметот „Пациент“ на СЈО, во кој се гони Бујар Османи

До каде е предметот „Попис“ на СЈО во кој се води истрага против Ахмети и Груевски

Во СЈО за шест месеци имало три нови вработувања

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Фото: Фејсбук/Бонева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 601 случаи на Ковид-19 од 4.501 тестирања, бројката на активни е 7.836

Редакција

Стевче Јакимовски размислува да се кандидира за претседател, граѓаните го поддржувале

Редакција

Албанскиот експерт Кула: Со Македонија сите се мајтапат, секој поставува услови

Редакција