еМагазин
Image default
Бизнис

Предметот за стечај на штипска „Баргала“ се враќа на повторно судење во Основниот суд

Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот  – фабриката за чевли АД „Баргала“.

Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Штип.

Со Решението, Апелацискиот суд го задолжува Основниот суд во Штип при повторното постапување со сигурност да утврди дали доверителите – работниците имаат доспеани, а неплатени парични побарувања врз основа на важечки основи за плаќање, дали исплаќал плата во износ и висина утврдена во согласност со Закон и колективен договор и дали должникот е неспособен за плаќање повеќе од 45 дена од која било негова сметка кај кој било носител на платниот промет.

-Судијата Емил Пилатов, кој во тој период во врска со поднесеното барање за отварање на стечајна постапка во АД Баргала Штип, во изјава за медиумите кратко одговорил: „Нема стечај засега, ќе чекаме Апелација што ќе каже“, го доби одговорот од Апелациониот суд, кој ја усвои жалбата на ССМ и Решението на Основниот суд Штип СТ.12/21 го укина и предметот му го врати на повторно судење заради суштествени повреди на постапката со оглед на тоа што причините се нејасни и контрадикторни врз основа на кои судел судијата.

Иако за сите државни институции и за ССМ, работењето во Баргала АД Штип е скандалозно и без почитување на законите во државата, судијата Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев дозволија да страдаат околу 300 вработени и нивните семејства, оставени без плати, со незаконити отказни решенија и без стабилен статус и егзистенцијална иднина што се потврдува и со оваа пресуда, се вели во писменото соопштение на ССМ.

Посочуваат и се сомневаат на развиена мрежа од поединци судии и стечајни управници кои, како што велат во соопштението слугувале на газдите на АД Баргала и дозволуваат работниците со месеци да гладуваат и покрај решенијата за исплата на неисплатените плати и решенијата за враќање на работниците и работничките на своите работни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водостопанство“ распиша оглас за вработување на 50 лица, плата до 46.000 денари

Редакција

Општина Карпош за замена на постоечките светилки со штедливи ќе потроши 1,6 милион евра

Редакција

ЕСМ склучи договор со Новоматрикс вреден 2,2 милиони евра

Редакција