еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Предвремени парламентарни избори: Го чека ли и Заев истата судбина како на Ципрас

Политичките лидери денеска на средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе одлучуваат кога точно ќе има предвремени парламентарни избори, откако истите вчера ги најави премиерот Зоран Заев.

За предвремени избори одамна се шпекулира во политичките кругови, а дека на тоа сериозно веќе работат партиите имавме можност и практично да видиме последниве недели.

Така, да и калкулациите каков исход ќе донесат изборите се веќе направени.

Освен недобивањето на датум за старт на преговорите со Европската Унија, за очекување е дека една од главните теми во изборните кампањи за престојните избори да биде и Договорот од Преспа, односно промената на уставното име, но и бројните скандали и промашувања на актуелната Влада.

Договорот од Преспа беше една од петте главни причини поради кои пријателот на Заев, поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас ги изгуби изборите таму.

Колку истиот ќе се рефлектира на изборниот резултат на владејачката СДСМ, имајќи го во предвид фактот дека македонските граѓани не застанаа зад истиот, како и грчките, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мириса на предвремени избори: СДСМ ќе не носи „на прав пат“, ВМРО-ДПМНЕ за „обнова на Македонија„

На лидерска кај Пендаровски, Заев и Мицкоски ќе договарат кога точно ќе има предвремени избори

Мицкоски: Прво техничка Влада, технички премиер, па избори

(ВИДЕО) Заев: Брзи избори на кои ќе граѓаните ќе решат за судбината на земјата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија се уште деца раѓаат деца: Мајки станале 19 девојчиња помали од 15 години

Редакција

Што пишува во новата декларација на Бугарија за Македонија

Редакција

Зеленски официјално потпиша барање Украина да биде членка на ЕУ

Редакција