еМагазин
Image default
Локално

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

На улицата „Никола Тесла“ во Струмица вчера е прегазено четиригодишно дете, а возачот на автомобилот побегнал.

Настанот го потврдија од струмичката полиција од каде информираа дека детето со тешки телесни повреди по приемот во Медицинскиот центар во Струмица е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и јавен обвинител.

Од МВР подоцна информираа дека е пронајдено возилото со кое беше прегазено четиригодишното дете и дека возачот се уште е во бегство.

Портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска соопшти дека возилото го пронашле полициски службеници и дека сега се наоѓа во кругот на СВР- Струмица.

„Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот“, рече Рендевска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момче на 25-годишна возраст смртно настрада при пад од балкон од трети кат

Редакција

Загина 35-годишник во Марена, со камион кипер закачил далекувод за струја

Редакција

Со „Ауди“ удрил во 11-годишно девојче од Велес

Редакција