еМагазин
Image default
Македонија

Преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Нов рекорд: 1.085 случаи на Ковид-19, во Скопје 447

Починаа 12 лица од Ковид-19, најмладиот има 27 години

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија, втората доза ќе ја добијат или таму или дома

Редакција

Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на загрозување, констатирано на Советот за безбедност

Редакција

Меџити без коментар за пресудата за модуларната болница

Редакција