еМагазин
Image default
Македонија

Преговорите неизвесни: Ѓоргиев не прифаќа вонреден состанок на заедничката комисија со Бугарија

По најавите од претседателот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Aнгел Димитров дека ќе побара вонреден состанок до крајот на август, историчарот Драган Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, во изјава за Телевизија 24 вели дека такво нешто не прифаќа.

“Не прифаќаме вонреден работна средба. Редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септември“, вели Ѓорѓиев.

Според него, доколку се отвори идентитетското прашање за Гоце Делчев, односно ако се инсистира да се договори неговиот идентитет, тогаш најверојатно преговорите ќе пропаднат.

“Барањето да се реши прашањето за Гоце Делчев веднаш и инстант со цел да се задоволи некоја, во овој случај политичка потреба, може негативно да влијае на работата на комисијата“, вели Ѓоргиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историчарот Тодоров: Како ќе го чествуваме Делчев ако би се изучувал како Бугарин?

Историчарот Ѓорѓиев: Инстант решение за Гоце Делчев може да влијае негативно

Бугарската страна во Комисијата за историски прашања ќе бара вонреден состанок до крај на август

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даравелски побара ново судење

Редакција

Македонците најблагонаклонети кон Ердоган, светот кон папата Франциск

Редакција

По пронајден череп: Скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени

Редакција