еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прегрупирање во банкарскиот сектор: Шпаркасе си купува златна кокошка

Еден ден по најавата дека Сосиете Женерал ќе ја продаде Охридска банка на австриската Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ беа објавени финансиските резултати кои покажуваат добивка од 9,7 милиони евра на Охридска банка во 2018, што е значително зголемување во однос на претходната година.

Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти.

Инаку, оваа купопродажба ќе го намали бројот на банки во земјава. Заклучно со 30.9.2018 година, бројот на банките коишто функционираат во Република Македонија е 15.

Бројот на банките во претежна странска сопственост е единаесет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридска банка оствари добивка од 9,3 милиони евра

Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе

Тома Пувро веќе не е член на Управниот одбор на Охридска банка

Горан Петревски именуван за член на Надзорниот одбор на Охридска банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Од Токио до Бразил: Светот протестира против Путин

Редакција

(Фото) Министерката за култура Костадиновска Стојчевска, во елегантен фустан од кашмир и свила во Рим, дело на македонскиот дизајнер Папаз

Редакција

Убава вест: Оздравени 30 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција